| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на македонски филмови во Берово

berovoКраткометражниот филм „Влакна“ на Елеонора Венинова и „Ова не е американски филм“ на Сашо Павловски вечер ќе ја отворат Ревијата на македонски филмови, што ќе се одржува до 7 јули во Берово.

Ревијата на македонски филмови е во рамки на летната културна програма на општина Берово, а во соработка со Министерството за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија и Кинотеката на Република Македонија.

Публиката ќе има можност да ги проследи филмовите од новата македонска продукција, а во соработка со Гете институтиот и Кинотеката на Македонија најмладите ќе уживаат во детската програма „БУФ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top