| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од апсењето на македонските хакери


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал при МВР по претходно спроведена истрага, ја реализираше оперативната акција „Компас“ во којашто е разбиена десетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење криминални активности поврзани со изработка на лажни веб-страници – фишинг и кражба на податоци од платежни картички и банкарски податоци со цел вршење нелегални трансакции. Притоа, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против десет лица за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„ по чл.394 ст.1, и „Изработка и употреба на лажна платежна картичка” по чл.274-б ст.3 в.в ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top