Најдобрата светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, е трудна од својот тренер Патрик Муратоглу. Оваа информација ја пренесе германскиот дневен весник „Билд“. Овој медиум тврди дека на Вимблдон има луѓе што можат да го потврдат тоа.
Тренерот тврди дека не ја видел Серена два дена пред да го предаде мечот во двојки со нејзината сестра Венус.
Дека не станува збор за вирус, убедена е и поранешната најдобра тенисерка во светот, Мартина Навратилова.
– Мислам дека не се работи за вирус. Не можам да кажам што навистина ѝ се случи на Серена, но се надевам дека ќе биде добро – изјави Навратилова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




