| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Синеплекс“ недела во знакот на комедиите!

Третата по ред комедија на актерите Адам Сендлер и Дру Баримор „Семеен хаос“, по успешните „51 состанок“ и „Пејач на свадби“, ни пристига овој четврток.
По катастрофалниот состанок на слепо, самохраните родители Лорен (Баримор) и Џим (Сендлер) се согласуваат само околу една работа: тие никогаш повторно не сакаат да се видат. Но, кога секој од нив ќе се пријави за возбудлив семеен одмор со своите деца, сите заедно ќе треба да делат апартман во луксузно африканско сафари одморалиште на една недела.
Blenden_Plakat

Баримор за филмот изјавува: „Во голем дел од филмот станува збор за децата, родителскиот однос и рамнотежата. Овие прекрасни петмина глумци одлично ги оживеаа своите улоги. Кога за прв пат го прочитав сценариото, видов дека овој филм многу зависи од децата и нивниот придонес, а не е лесно да се најдат пет толку добри млади глумци. Едноставно, извонредни се. “
Новата комедија на познатиот режисер Алекс де ла Иглесија со примеси на хорор филм, пристигнува во Cineplexx! На овогодинешното доделување на шпанските национални филмски награди Гоја „Вештерките од Зугарамунди“ освоија осум признанија. Филмот ги собира најпопуларните шпански актери како Хуго Силва, Марио Касас, Пепон Нието и Каролина Бенг.
Хозе (Хуго Силва) и Антонио (Марио Касас) се жртви на големата економска криза. И двајцата останале без работа. Едниот е разведен и плаќа алиментација, а другиот е индиспониран бидејќи девојката му е успешна адвокатка која секој ден очекува по враќањето од работа да ја чека ручек на масата. По комичниот грабеж во кој учествуваат уште две џуџиња и малолетното дете на Хозе, започнува бркотница без крај. Бегајќи од полицијата, заедно со киднапираниот таксист и неговиот клиент, стигнуваат во градот Зугарамунди опкружен од мрачните шуми на Навара, каде живее племето жени – вештерки (Кармен Маура, Каролина Бенг, Сантијаго Сегура) кое се храни со машко месо.
Witching-and-Bitching_Plakat

„Вештерките од Зугарамунди” е црна хорор-комедија, која ги преиспитува машко-женските односи и радикалниот феминизам.
Се сеќавате на првата летна љубов? Тејлор се сеќава, но единствениот проблем е што сега нејзината сестра се мажи за него…
Приказната за оваа неодолива романтична комедија „Walking on sunshine“ е сместена во идиличното крајбрежно село во јужна Италија каде се подготвува свадба на англичанката Меди и убавиот италијанец Рафа, пар кој одлучи да застане пред олтарот по пет-неделна врска. Кога ќе пристига Тејлор во Италија, сестра на невестата, и го види Рафа, ќе сфати дека тој е нејзината прва летна љубов, и всушност, љубовта на нејзиниот живот, која никогаш не ја заборавила ниту преболила… Љубовта е во воздухот!
Продуцентот Џејмс Ричардсон опишува: „Проектот е инспириран од летните љубови. Сакав да направам нешто весело и забавно, а летната љубов е класика низ која сите ние поминуваме, како обред на растење. Музиката е следниот клучен момент. Младите, кој не биле родени во 1980те, сеуште ја слушаат музиката од тој период. Ги знаат песните кои се создадени за добра забава.“
Сигурно го помните познатиот поштар Пет од детството. За прв пат цртанот почна да се прикажува во далечните 1980ти години како дел од програмата на ББС и беше најдолгогодишната анимирана серија на оваа телевизија. Сега оваа култна серија го доживеа и својот прв филм „Поштарот Пет“.
Што се случува кога љубезноста ќе се замени со себичност? Кога филџанот со вкусен чај ќе се замени со фрапучино? Поштарот Пет ги открива мрачните страни на славата кога ќе се најде во телевизиското шоу на таленти, соочен со демоните од парите, славата и конспирација…
филм

Скромниот и омилен поштар Пет живее мирно и среќно, сè додека Едвин Карбанкл, службеник опседнат со ефикасноста, не смисли план за преземање на специјални пратки и воведување на роботи.
Пет сака да ја однесе неговата сопруга на вистински меден месец во Италија, a откако ќе го види на телевизија конкурсот за таленти, решава да ја добие наградата, која, меѓу другото, вклучува посета на Италија. Тој пее одлично и влегува во финалето во Лондон, каде што негов противник ќе биде Џош. Но, тој паѓа во стапицата поставена од страна на Карбанкл. Менаџерот на Џош, Вилф, е решен да ја осигура победата и потпишувањето на договорот на неговиот штитеник, па станува учесник во стапици наречени “робот-поштар”. Истовремено, Пет ќе се најде под будното око на јавноста и во сето тоа да остане без она за што тој се грижи најмногу во животот – семејството, пријателите и работата.
„Кога во РГХ Ентертејмент пристигна сценариото, признавам дека за Пет знаев многу малку, сè до денес. Но, концептот ми беше толку модерен и универзален – скромен поштар со прекрасен глас кој неволно победува на натпревар за таленти и станува жртва на слава и обожување. Тоа е отприлика приказната за Сузан Бојл која настапи на „Британија има талент“, изјавува продуцентот Дејвид Корбет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top