| четврток, 6 декември 2018 |

Раониќ последниот полуфиналист

Австралискиот тинејџер Ник Киргиос, кој го направи најголемото изненадување на Вимблдон со победата над првиот тенисер во светот, Рафаел Надал, вчера во меч кој траеше два и пол часа беше поразен во четврт-финалето од Милош Раониќ, кој славеше со 3-1 (6-7, 6-2, 6-4, 7-6).

Противник на Раониќ во полуфиналната фаза ќе му биде Роџер Федерер (Швајцарија), кој во четврт-финалето го победи сонародникот Станислас Вавринка.

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Григор Димитров (Бугарија).

Денеска на Вимблдон во машкиот дел од турнирот е пауза. Ќе се играат полуфиналињата кај тенисерките, како и мечевите во двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top