| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон Дијаз е секси божица за насловната на Esquire

Неверојатно шармантна холивудска убавица, 41 годишната актерка Камерон Дијаз го покажа своето секси тело на насловната за британскиот магазин Esquire. Таа позираше за августовската едиција во црн едноделен костим за капење и високи златни потпетици на Кристијан Лубутан. Актерката уште еднаш докажа дека изгледа неверојатно секси, привлечно и убаво.

Во своето интервју  русокосата убавица, открива зошто никогаш не сака деца, зборува за актерството за навлегувањето во својата четириесетта година и за снимањето на новиот филм „Sex Tape“ каде  се појавува целосно гола.

Еве како таа ја доживува својата професија:

„Тоа е навистина чудна работа. На снимањето на „Sex Tape“, имаше една сцена која беше многу забавна за снимање. Кадарот кога се породувам. Сите врескаа, снимателите, дури и режисерот, а јас глумев како да се обидувам да извадат кошаркарска топка од мојот стомак. Откачени работи се тоа, а мене искрено ми се допаѓаат. Среќна сум, бидејќи ова е одлична и забавна работа“, веи актерката.

rs_634x782-140701110609-634-cameron-diaz-esquire.ls_.7114-526x650

За навлегувањето во четвртата декада од животот вели дека не чувствува страв, напротив го обожава тој факт.

„Тоа се најдобрите години. Момент кога жената знае како да ги менаџира работите во своја корист и да се грижи за себе. Стравот не постои повеќе и не се грижите што мислат мажите за вас. Чувство на слобода и уживање“, додава Дијаз.

Како и сите луѓе, Камерон Дијаз вели дека не е совршена.

„Можеби ова ќе им биде чудно на многумина, но јас не сакам деца. Можам да ги почитувам сите оние кои имаат, но јас воопшто не се гледам во улога на мајка, никогаш. Не треба да ме осудувате поради тоа, тоа сум јас и едноставно таква сум“ , открива русокосата актерка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top