Опасниот азиски стршлен се појави во Македонија, објави Сител. Откриен е во Кавадарци. Забележан бил во двор на семејна куќа во градското подрачје. Членовите на семејството стршленот го препознале по невообичаеното однесување. Летал во круг па се спуштал на земја. Неуспешни биле обидите да го отепаат. По некоколкуте удари стршеленот само се зашеметил. Дури потоа членовите на семејството успеале да го стават во пластичен сад.
Надлежните институции ќе треба да потврдат дали инсектот од Кавадарци е опасниот азиски стршлен. Инаку ова е прв забележан случај во државата. Пред две недели, смртоносниот стршлен се појави во Словенија.
Овој инсект потекнува од Азискиот континент. Лета со брзина од 60 километри на час а може да порасне до шест сантиметри. Азискиот стршлен ги напаѓа пчелите, убива и до 40 во една минута. Тој е опасен и за човекот. Од неколку убоди може да престане работата на бубрезите да го отежни дишењето и да предизвика смрт.
Инаку азискиот стршлен, прв пат на европскиот континент е забележан пред девет години во Јужна Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)