Канаѓанката Ежени Бушар и Романката Симоне Халеп се пласираа во второто полуфинале на Вимблдон во женска конкуренција откако денеска си совладаа своите противнички германките Анжелик Кербер и Сабине Лисицки.
Бушар беше убедлива против Кербер која пак во претходното коло ја исфрли Марија Шарапова која важеше за една од главните фаворитки за трофејот.
Канаѓанката со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови беше супериорна во текот на целиот натпревар и со еден брејк разлика закажа меч во полуфиналето против Симонa Халеп која откако ги намали градите игра како препородена и има импресивен резултат оваа сезона. Халеп во последното четвртфинале победи уште една Германка. Жртва беше Сабине Лисицки која во ниту еден момент неможеше да и се спротистави на мотивираната Романка. Халеп славеше победа со 2-0 (6-4, 6-0).
Победникот од овој меч ќе се сретне со победникот од второто полуфинале во кое играат чешките тенисерки Сафарова и Квитова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




