| четврток, 6 декември 2018 |

Смртоносен азиски стршен пристигна во Кавадарци!

strsen
Голем азиски стршен кој во Европа првпат се појави пред десет години, а пред две недели беше забележан и во Словенија, пристигнал во Кавадарци, пишува „Утрински весник“. Инсектот кој е со карактеристична портокалова глава и кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот, денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот на нивната семејна куќа.

Семејството Ничкови велат дека инсектот првично го забалежале по неговото чудно однесување. Тој се вртел во круг, па застанувал на земја како да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата во дворот.
Ова семејство вели дека добро ги познаваат стршените кои ги има во нашето поднебје. Според нив, овој значајно се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како ли воопшто дошол до Кавадарци.

Според објаснувањата на експертите, азискиот стршен има портокалова глава и голема црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум. Овој вид на стршени е застапен во одреени подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка. Азиските стршени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Тие летаат со брзина од 60 километра на час и за еден ден може да прелетаат дури 100 километра.

Семејството Ничкови вели дека тие неколку минути буквално воделе војна со инсектот за на крај да успеат да го совладаат. Тој изгледал како да е од гума, и секојпат повторно успевал да летне. За среќа, на крајот успеале да го сместат во пластична кутија.

Минатата есен беше забележан значајно зголемен број на стршени кои претходно ги немало во неготинскиот реон. По појавата на овој инсект во Тиквешијата особено се исплашиле пчеларите кои, освен за својата безбедност, стравуваат и за своите пчели кои ги одгледуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top