Ординација за здравствена заштита на жените на примарно ниво беше отворена денеска во Здравствена станица Шуто Оризари-Скопје. Здравствените услуги во текот на летните месеци ќе бидат обезбедени еднаш неделно, односно секоја среда во период од 9 до 14 часот, додека од септември ќе се обезбедуваат два пати неделно во истото работно време.
Во рамки на Договорот за соработка обезбеден е тим од специјалист гинеколог и медицинска сестра од страна на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, кои ја користат опремата и постојниот простор во Здравствена станица Шуто Оризари, информираат од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.