Пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски, смета дека донесувањето на измените во Изборниот законик по итна постапка и на вонредна седница на Собранието на РМ, како и озаконувањето на продолжувањето на рокот за пријавување кандидати за претстојните локални избори до 3 март, без присуство и согласност на опозицијата, е преседан во парламентарната демократија.
– Ова е преседан, нешто што не се случило досега. Ова претставува дополнување на сериозниот дефицит во функционирањето на демократијата – рече Игор Ивановски на панел дискусијата „Развој на функционална демократија како основа за интереграција во ЕУ“, која се одржа денеска во организација на Институтот „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.