| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Се наѕира крајот на тениската кариера на Серена Вилијамс?

Тажен крај на Вимблдон имаше Серена Вилијамс, за среќа без последици по здравјето, а останува мистеријата за проблемите што 5-кратната шампионка во Лондон ги доживеа вчера.

Во игра на двојки со сестра и Венус, Серена го предаде мечот против германско-швајцарската комбинација Бароа и Фогеле, а очигледно беше дека има здравствени проблеми.

Дезориентираната Серена уште на загревањето пред мечот имаше чудни движења, а по само 3 гема и дури 8 двојни сервис грешки одлучи да се откаже.

Во септември, помладата од сестрите Вилијамс ќе полни 33 години, а видливо е дека се потешко се справува со здравствените проблеми. Во 2010 година на мистериозен начин при прослава на четвртата титула од Вимблдон згази на чаша, ја расече ногата и долго паузираше. Потоа и вадеа згрутчена крв од белодробното крило, што и донесе нови маки. Успеа да се врати триумфално со уште 4 гранслем титули, но годинава пак ја пристинаа проблемите.

Од нејзиниот табор се уште не објавуваат кои се причините за вчерашното чудно однесување на теренот број 1 во „Ол-Ингланд„ клубот, а тениските експерти се погласно говорат дека е извесен крај на тениската кариера на големата шампионка.

Погледнете го овде видеото од вчерашниот меч во двојки и некоординираните движења и сервиси на Серена Вилијамс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top