Напаѓачот на Милан, Марио Балотели би можел да го замени Луис Суарез во Ливерпул, доколку Уругваецот реши да прејде во редовите на Барселона.
Претставници на Ливерпул и Барселона во Лондон веќе започнале преговори околу трансферот на Суарез на „Камп Ноу“.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул е подготвен дел од парите кои ќе ги добијат од продажбата на Суарез, да ги искористат за да го доведат Балотели.
Агентот на Балотели, Мини Рајола, неодамна изјави дека напаѓачот би можел да го напушти Милан, бидејќи во италијанските медиуми беше претставен како главен виновник за елиминација на „азурите“ од СП.
Балотели минатата сезона одигра 41 натпревар и постигна 18 гола во дресот на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.