Фрабриката за преработка на месо „Матесонс“ од Велика Британија му понуди работа на Уругваецот Луис Суарез, кој четири месеци ќе паузира од фудбалските терени, па така својата страст може да ја пренасочи на корисна работа, да биде дегустатор на месо.
-Луис јас сум твој голем почитувач, на твојот фудбалски талент, на кој се восхитувам со години. Толку многу ти се восхитувам што сега ти нудам работа. Тојата страст ќе можеш да ја пренасочиш на убава работа. Дали би размислил за позицијата дегустатор на месо во нашиот Технолошки тим, напишано е во огласот кој е потпишан од страна на директорот на фабриката за колбаси Кристофер Овен.
Сепак, раководството на оваа фабрика не застана тука. Благодарејќи на гризењето на Суарез измисли и нови производи. Па сега сите заинтересирани ќе може да пробаат:
-Колбас „Десен бек на Челзи“ (гризнувањето на Бранислав Ивановиќ)
-Колбас „Италијанско рамо“ (Џорџо Кјелини)
-Колбас „Везист ПСВ“ (Отмар Бакал)…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.