| четврток, 6 декември 2018 |

Титанов пенис: Стотици лица чекаа во ред да го видат џиновскиот цвет

cveke

Стотици заинтересирани посетители во редови чекаа да го видат ретко големиот цвет наречен Титанов пенис, кој се појавува само еднаш во десет години.

Повеќе од 2.000 луѓе поитаа да го  видат Аморфофалус титанум, познат уште и како титан арум, во градината на цвеќето во Нант, во Западна Франција.

Цветот е во облик на фалус и е најголем цвет на светот и достигнува височина до три метри. Се појавува еднаш во 10 години и трае 72 часа. Познат е по многу непријатниот мирис кој потсетува на мирис на расипано месо.

Ова растение е ендемско, потекнува од Суматра, а во ботаничката градина во Нант е префрлено во 2012 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top