Порталот на албански јазик Алмакос јавува дека 23 годишниот Башким Бела од Скопје загинал во борбите Сирија. Семејството Бела било информирано за смртта на Башким.
Досега во војната во Сирија против Башар ал Асад загинале околу 30 Албанци. Од нив, 8 се од Македонија, од Гостивар и од Скопје. Во последните 3 години во Сирија загинале и шестмина од Албанија 6, тринаесет од Косово, како и еден Албанец од Прешево.
Според неофицијални информации, во Сирија војуваат голем број Албанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.