Македонскиот првак Работнички ја темпира формата за настап во квалификациите за Лигата на шампионите, а денеска во пријателски меч го победи хрватскиот гигант Хајдук со 2-0.
Првиот погодок на Даниел Аврамовски во 53. минута беше вистинско ремек-дело, а играчот на „романтичарите“ со лоб удар од далечина го изненади голманот на Хајдук и го совлада за предност на македонскиот првак од 1-0. Победата на клубот од Дебар Маало ја потврди новото засилување од Норвешка Анене Чума со прецизен удар во 63. минута.
Работнички го очекува двомеч со финскиот шампион ХЈК Хелсинки на 15 и 22 јули во рамките на првото квалификациско коло од ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



