Македонскиот претсавник во Лига Европа тимот на Шкендија со победа на домашен терен од 2-1 против молдавскиот претставник Зимбру ја започна новата сезона во првото квалификациско коло.
Во првото полувреме двата тима немаа посериозни шанси за гол. Зимбру ја имаше иницијативата додека Шкендија преку брзи контра напади се обидуваше да дојде до голот на молдавците.
Новото засилување кај тетовци оваа сезона Бојан Вручина со прекрасен слободен удар од преку 20 метри успеа да го совлада гостинскиот голман и да ги одведе своите соиграчи на паузата меѓу полувремињата со предност.
Во вториот дел Шендија продолжи со нападите од крајот на првото полувреме и по само две минути успеа да постигне гол за зголемување на водството на 2-0. Стрелец беше Иван Митров со одмерен удар од 18 метри ја погоди мрежата во долниот лев агол на голот.
По една грешка на Шкендија на средината на теренот гостинскиот играч Дедов истрча одлична контра,но беше соборен во шеснаесетикот и судијата со право покажа на белата точка. Гросу беше сигурен реализатор за намалување на резултатот на 2-1. До крајот на натпреварот Шкендија имаше уште една шанса откако Куртиши со удар од околу 35 метри ја погоди стативата.
Реваншот се игра за една недела во Молдавија. Шкендија ќе се обиде да ја зачува предноста од првиот натпревар и да се пласира во второто квалификациско коло од Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЛШ: Шкендија убедливо поразена од Салцбург
-
Погледнете како славеа навивачите на „Шкендија“, навредувајќи ги Македонците! (видео)
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа


