| четврток, 6 декември 2018 |

Власта создава услови за учество на опозицијата на избори, Сојузот на потег

ВМРО-ДПМНЕ врз основа на досегашните принципиелни ставови и водејќи се од интересите на граѓаните, како и овозможување на решение за предизвици, вчера предложи нов рок за доставување на листите до ДИК за претстојните избори.Ова го истакна Гордана Јанкулоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

jankuloska-print-500
-Владата на Република Македонија денес по итна постапка усвои закон со кој се утврдува нов рок за доставување на листи на советници и кандидати за градоначалници, до 3-ти март на полноќ. Усвоениот закон е испратен до Собранието, каде ќе стане законска можност и ќе стапи на сила веднаш, истакна Јанкулоска.

По бројните предлози, ваквото усвојување и испраќање за прифаќање, рече Јакулоска, покажуваме потполна заштита и промоција на државните интереси и интересите на граѓаните.

-СДСМ бараше 7 дена за да достават листи. Потпретседателот Заев тоа јавно го истакна, а ние тоа им го овозможивме. Ќе има добри резултати ако пратениците на СДСМ денес дојдат во Собрание и дадат поддршка за новиот рок. Пратениците од владејачкото мнозинство ќе го изгласаат овој закон со кој сите партии, вклучително и СДСМ  ќе можат да ги достават своите листи, објасни членот на ИК на партијата.

Таа истакна дека со оваа можност никој не губи, сите добиваат, а најмногу добива Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top