| четврток, 6 декември 2018 |

Кочанчани пијат поскапа вода

voda_nemaПаралелно со воведување наплата на паркинг простор, од денеска кочанчани ќе пијат поскапа вода а истовремено ќе плаќаат и за 150 проценти повисока цена за одводнување на одпадната вода.

Водата за пиење поскапе за 11 проценти односно за 4 денари по метар кубен за граѓаните и сега ќе изнесува 35 денари за метар кубен, додека претпријатијата ќе плаќаат за 4,5 денари повеќе.

За канализација кочанчани наместо 6 денари по метар 3 одводна одпадна вода како досега, во иднина ќе плаќаат по 15 денари.

– Од денеска ја зголемуваме цената на водата за пиење како и услугата за одпадната вода. Ова е одлука на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ како и на Советот на општина Кочани. Новата цена ке овозможи поголем прилив на средства, успешно работење, како и навремено сервисирање на обврските кои произлегуваат од експлоатацијата на водата во општината, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Инаку, со зголемените цени за кочанчани сметките за јули ке бидат повисоки за 40 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top