Новак Ѓоковиќ на магичен начин со прекрасен ритерн го заврши осминафиналниот дуел со Жо Вилфрид Цонга на Вимблдон, но мораше да почека и да побара помош од „окото соколово“ за потврда дека го освоил победничкиот поен. По прекрасниот удар на Новак, реагираше главниот судија и досуди аут, но Ѓоковиќ побара репетиција, која покажа дека ударот е прецизен.
Интересна беше реакцијата на српскиот тенисер, кој веднаш по ударот замина на мрежа да се поздрави со противникот, а Цонга му сугерираше да почека. На крајот, сепак, францускиот ас мораше да му ја честита победата на подобриот ривал на Вимблдон.
Со триумфот против Цонга, Ѓоковиќ забележа редок успех и по 21. пат во низа ќе игра четврт-финале на гранслем турнирите, а противник на патот кон квартетот најдобри ќе му биде Марин Чилиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


