| четврток, 6 декември 2018 |

Глувци спасуваат човечки животи

Во потрага за скриени мини во Танзанија во последните години сѐ почесто се користат глувци, што се покажа како многу успешен рецепт.

Растојанието меѓу човекот и глодарите спасува човечки животи и важно ја намалува опасноста за човечките експерти за мини.

Глувците се совршени кандидати за отстранување на мините затоа што имат одлични сетила, а бидејќи живеат во Африка, имуни се на тропски болести. Најдобро од сѐ е што имаат идеална тежина – полесни се од десет килограми колку што е неопоходно за мината да се активира.

За разлика од кучињата, на глувците не им е здодевно на оваа работа и не се врзуваат за тренерот. Поради тоа, работата со отстранувањето на мините полесно се извршува со глувци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top