| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот суд ја поддржа забраната во Франција за целосна забраденост

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја поддржа забраната во Франција, муслимамските жени да се појавуваат во јавноста целосно забрадени.

muslimanki buli D Andoovski_4

Станува збор за носење на муслиманската облека никаб, која го покрива целото тело на жената, оставајќи само еден тесен отвор за очите.

Процесот пред судот во Стразбур го покрена една 24 годишна француска муслиманка која во својата тужба тврдеше дека забраната да биде целосно забрадена во јавноста претставува „насилство врз слободата на религиозното изразување“.

Францускиот закон кој беше на „судење“ забранува носење никаб на улица и во сите јавни простории, а за оние кои ќе ја прекршат забраната предвидена е парична кзна од 150 евра.

Законот е донесен во 2010 година, во времето кога претседател на Франција беше Никола Саркози. Ваквото решение предизвика протести од муслиманската заедница во земјата, како и остри критики од домашните либерали и левичарските организации и од таквите организации и групи во ЕУ.

Судот во Стразбур ја одби тужбата на француската муслиманка со образложение дека законот не е донесен врз религиозни, туку врз социјални причини. Носењето никаб на јавно место значи покривање на идентитетот на лицето што го носи, а забраната помага за побрзата социјализација на муслиманските жени во француското општество, оцени Судот за човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top