| четврток, 6 декември 2018 |

„Нокаут“: Бевме на работ да се расформираме

Пред многу години ја почнаа временската машина, едно време нивниот телефонски број не постоеше, за во последниве години да знаеме каде да ги најдеме и да изиграме едно танго со нив.

Nokaut no album 2014 (8) (Custom)

По цели 13 години, излегува новиот албум на момците од „Нокаут“. Со симболичен наслов „Три“, кој ги означува братството, партнерството и пријателство, овој албум за Никола Перевски – Пере и Владимир Крстевски – Франц е сублимат на долгодишната работа, која резултира со едно вакво дело.

Nokaut no album 2014 (7) (Custom)

Бевме на работ да се расформираме во 2005 година, но со „Лебедот бел“ работата тргна – изјави Пере, кој кажа дека во изминатите години работеле многу напорно, а сето тоа немало да успее без нивното пријателство и соработниците.

На албумот има цели 17 композиции, многу соработници, музичари, а „Нокаут“ најавуваат и четврто продолжение „Нокаут 4“. Поддржани од Тони Зен, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Влатко Илиевски, браќата Тавитјан, а исто така поранешниот член Кире Колемишевски, „Нокаут“ на вчерашната промоцијата која се одржа во едно скопско кафуле, со многу емоции зборуваа за нивното ново чедо. Не беше заборавен ниту прерано починатиот Ацо Конга, кој заедно со Кире беа во оргиналната постава на „Нокаут“.

Nokaut no album 2014 (4) (Custom)

Со промоцијата на новиот албум Нокаут ја најавија и летната турнеја, која ќе ја реализираат периодов. Инаку од „Горила продукција“ информираа дека албумот ќе може да се најде во продажба од 4 јули во сите музички продавници и „Тинекс“ маркети.

Nokaut no album 2014 (1) (Custom) Nokaut no album 2014 (3) (Custom) Nokaut no album 2014 (2) (Custom) Nokaut no album 2014 (5) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top