| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски и јапонскиот колега Абе разменија дресови (фото)

Во духот на Светското првенство во фудбал, за кое живее целиот свет овој месец, премиерот Никола Груевски и неговиот колега, премиерот на Царството Јапонија, Шинзо Абе разменија дресови со број 20. Бројот 20 не е случаен. Тој ја симболизира 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Јапонија,  во чии рамки двете земји континуирано ја унапредуваат соработката.

unnamed (1)

Премиерот Никола Груевски овие денови е во дипломатско-економска посета на Јапонија. Оствари средба со јапонскиот принц Нарухито на највисоко државно ниво, со групацијата ЈИЦА и оддржа економски форум на кој беа потенцирани условите за инвестирање во земјава. Претседател на Јапонската бизнис асоцијација, Јуро Нагакава, потенцираше дека во август ќе предводи делегација од 10 бизнисмени во Македонија. Ќе престојуваат во земјава една недела за да се иницира бизнис во Македонија.

Јапонија е искрен пријател на Македонија, каде што постојат многу потенцијали за развој и особено развивање на економските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top