Околу седумдесет пожари се регистрирани во првата половина од годинава во Тиквешко, информираа територијалните противпожарни единици од Кавадарци и од Неготино.
Според командантите на територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, Илчо Богевски и Иле Илиев, во кавадаречката противпожарна служба се евидентирани 50 интервенции на пожарникарите во општините Кавадарци и Росоман. Во единицата во Неготино имало 21 интервенција.
– Четириесет од пожарите избувнаа во затворен, а пет на отворен простор. Имавме и пет интервенции при сообраќајни несреќи. Споредено со лани, засега бележиме намалување на шумските пожари, а зголемување на оние во градот и интервенциите при сообраќајки – рече Богевски.
– Во Неготинско и Демиркаписко пожар избувна во 9 објекти, пламени јазици се појавија во 8 случаи на отворен простор и двапати во контејнери за отпад. Интервениравме и при две сообраќајни незгоди – рече Илиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци