| четврток, 6 декември 2018 |

Јули почнува со сонце

soncevo

Со сончевo и релативно топло време го започнуваме јули. Сепак, денот во однос на претходниот ќе биде посвеж за околу 2°С до 3°С. Во источната половина од земјава, како и долж Повардарие, ќе биде малку поветровито. Ветерот ќе дува со умерена брзина од северозападен правец.

Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 27°С во северната половина од земјата, и околу 30°С во јужната половина од земјата.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со умерен северозападен ветер. Максималната вредност на температурата ќе достигне 28°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top