Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција и на Укрина, Франсоа Оланд и Петро Порошенко, ја истакна важноста од продолжување на прекин на огнот во источна Украина, соопшти денеска Кремљ.
Во соопштението се наведува дека четворицата лидери се согласиле дека треба што побрзо да се организра трета рунда консултации меѓу претставниците на Киев и на југоисточните регионио на Украина.
– Путин побара и формирање на механизам за контрола за почитувањето на примирјето со активна улога на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, наведува Кремљ.
Претходно Елисејската палата соопшти дека Путин и Оланд се договорија да работаат „на усвојување на еден договор за билатерален прекин на огнот меѓу украинските власти и сепаратистите“.
Во соопштението од Париз се посочува оти во текот на денот телефонски ќе разговараат министрите за надворешни работи на Русија и на Украина.
Едностраниот прекин на огнот прогласи Порошенко, кој истече вечерта на 27 јуни, но истиот беше продолжен за уште 72 часа, кој истекува во 22 часот по локално време (20 часот по средноевропско време).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



