| четврток, 6 декември 2018 |

Бегале од затвор, а чувари им дале крем за сончање

На двајца затвореници кои во обид да побегнат од затвор останале заглавени на покривот на казнено-поправниот дом, чуварите им дале крем за сончање за да не изгорат на силното сонце.

Според „Дејли меил“, таа неверојатна сцена се случила на 19 јуни во затворот „Дартмур“, на југозапад во Велика Британија.
Властите се правдаат дека со тој гест чуварите „се грижеле за здравјето на затворениците“.

Портпаролот на Здружението на затворски чувари оцени дека таквата одлука е неодговорна и може да поттикне други затвореници да се качуваат на покривот за да се сончаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top