Елиминациите на фаворитките на Вимблдон продолжија и денеска, на почетокот на втората недела од гранслем-турнирот во Лондон, а „настрада“ и Каролине Вознијачки. Данската тенисерка загуби во два сета од Барбора Захлавова-Стрицова и го заврши настапот, непосредно пред невремето во главниот град на Англија.
Пред неа беа елиминирани и сестрите Вилијамс, Серена и Венус, потоа и втората носителка На Ли, Јанковиќ, Азаренка, Цибулкова, Пенета, Ерани, Суарез Наваро….
Моментно во Лондон не се играат натпревари, односно почнатите мечеви се прекинати поради силен дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.