
Спасен е маж на Солунска Глава. Вчера во 12,20 часот, по претходна пријава од граѓанин на Солунска Глава, односно на местото познато како Солунско Поле, при движење на група од неколку лица со моторцикли, меѓу кои бил и Игор Додевски (1979) од Скопје, тој паднал на непристапен терен, при што се здобил со скршеници на лева рака и нога.
По примената пријава веднаш е постапено од страна на припадници на ОВЕ и на ЕСЗ, 35-годишниот Додевски безбедно е транспортиран до Ургентниот центар во Скопје, оддел за трауматологија, каде што е задржан на понатамошно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


