Македонскиот претставник во Јадранската кошаркарска лига МЗТ Скопје денеска отпатува за Крагуевац каде утре од 20 и 30 минути има натпревар од 17 коло. Против Раднички, кој во првиот круг славеше во Скопје со 83-75, улогата на Аеродромци е аутсајдерска затоа што Алеш Пипан не ќе може да смета на членот на првата петорка Ѓорѓи Чековски.
-Нема посериозни проблеми. Ме мачат препоните што веројатно се должи на силниот ритам, но малку ќе ми треба да се одморам, се надевам само еден меч – вели Чековски кога Република го покани на интервју кое ќе го објавиме во новиот број на 18 јануари.
МЗТ Скопје во пресрет на дуелот со Раднички е на делба на петтото место во Јадранската лига, со биланс од 9 победи и седум порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.