Филипинските безбедносни сили од денеска се на висок степен на тревога поради сомнеж дека милитантната исламска група Џемаах Исламија, најрадикалното крило на Абу Сајаф, на југот на Филипините подготвува бомбашки напади во четири големи градови на југот на архипелагот.
Филипинските разузнавачи имаат информации дека во знак на одмазда поради апсењето на сопругата на водачот на Џемаах Исламија Абдул Усман, како и двете жртви од неговата група во пресметката со филипинската армија минатата недела, муслиманските радикали, познати до сега по спектакуларни киднапирања, испланирале одмазда.
Според филипински сознанија, муслиманските радикали подготвуваат повеќе напади со автомобили-бомби во градовите Давао, Котабато, Кобајан де Оро и Илиган.
Од страна на американскиот Стејт департмент Абдул Усман е на листата на барани терористи, за чие приведување се нудат милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Супертајфунот уби 25 лица на Филипините, сега се упатува кон Хонг Конг (ФОТО)
-
Бомба експлодираше за време на прослава на Филипини, има загинати и повредени
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Филипинскиот претседател со шокантна изјава: Бог е глупав!


