| четврток, 6 декември 2018 |

Смешен гол во режија на Муслера, првенец на Снајдер и пресврт за Галатасарај (видео)

Голманот на Галатасарај Фернандо Муслера, направи комичен потег, за уште посмешен гол во неговата мрежа, но на крајот и покрај неочекуваната предност на аутсајдерот Ордуспор, гигантот од Истанбул славеше со 4-2.

Уругваецот дегажираше директно во ногата на соиграчот Селчук, а топката се врати во голот на Галатасарај. Автогол на годината во режија на Муслера, за негова среќа, сепак без последици за турскиот гигант.

Ордуспор од пенал во првиот дел поведе и со 2-0, но не го издржа притисокот и загуби со 4-2. Пресвртот се случи за само 20 минути во вториот дел. Го најави со прекрасен лоб удар Весли Снајдер, со голот првенец за Галатасарај во 58. минута. Јилмаз на двапати беше прецизен во 68. и 71. минута, а Селчук со гол во 78. минута, овојпат во противничката мрежа, го комплетира пресвртот и ја заокружи голеадата на „Турк Телеком“ арената во Истанбул.


szólj hozzá: Galatasaray 4-2 Orduspor

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top