Принцот Хари, кој има 29 години е во врска со 24-годишната Кресида Бонас, за што се обидел да не зборува во јавноста, но минатата недела во во медиумите се појавија слики од двојата која на скијање разменува нежности.
Британскиот печат исчепкал се за семејството на русокосата Бонас, која најблиските ја викаат Креси. Според информациите станува збор за богато семејство кое е во блиски врски со кралското семејство.
Младиот принц најверојатно во кругот на семејството на Креси се чувствувал како да е дома, бидејќи тие се навикнати да примаат богати Британци и членови на високородените семејства од Британија.
Креси студира танц, сака да оди на рејв-журки и да ужива во природата, што е сосема спротивно од актуелната принцеза Кејт Мидлтон, која се омажи за принцот Вилијам и го очекуваат првото дете.
Хари сеуште молчи за врската и за можната венчавка, но обложувалницете веќе примаат облози дека годинава ќе го каже судбоносното „да“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.