| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен: Франција да ги укине двојните државјанства

marin-le-pen

Лидерката на француската крајна десница, Марин ле Пен, порача дека би требало да се укине двојното државјанство по нередите кои избија по историскиот успех на Алжил кој обезбеди осминафинале на Светското првенство во Бразил.

Ле Пен нередите ги оцени како неуспех на француската имиграциска политика. Славењето поради влегувањето на Алжир меѓу 16. најдобри селекции во светот се претвори во судири во неколку градови во Франција, а заврши со апсење на 74 лица поради предизвикување нереди и кражби.

Лидерката на Националниот фронт оцени дека тој настан покажува целосен крах на имиграциската политика во Франција и „одбивање на многу граѓани што имаат двојно државјанство да се приспособат“.

Таа, исто така, им порача на сите кои поседуваат двојни државјанства да ја поддржуваат Франција на светските натпреварувања, а не земјата на потекло. 

– Сега би требало да застанеме на патот на двојните државјанства. Тоа што е јасно тука е дека не мал број го избираат Алжир, а не Франција. Треба да одберете: дали сте Алжирци или Французи, Мароканци или Французи, но не може да бидете и едно и друго – рекла Ле Пен за француската телевизија и радио. 

Алжирците се најголемата имиграциска група во Франција, со околу два милиона жители, а многу од нив имаат двојно државјанство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top