Студентка од Кенија открила дека со ХИФ вирус инфицирала 324 мажи со кои имала секс. Таа се заразила од непознато момче, а сега, што е најстрашно во целата приказна доколку е вистинита, сака да инфицира 2.000 луѓе за да му се одмазди на машкиот род. Девојката приказната ја открила на Фејсбук преку групата „Кениски скандали“.
Во септември 2013 година, според раскажувањата, излегла со пријателката во некој клуб и се напила. Следното утро се разбудила покрај маж со кој имала сексуални односи. Таа била толку пијана, што не се сеќава. Нејзиниот свет се срушил кога направила тест и открила дека има ХИВ. Кога му кажала на момчето дека ја заразило, тоа одговорило дека можеби го добила вирусот од некој друг. Девојката потоа паднала во депресија и почнала да пие. Помислила и на самоубиство.
Набрзо потоа почнала да размислува дека некој мора да плати затоа што заразила од смртоносна болест. Почнала да прифаќа ситуации во кои се нашла и сакала да ги натера сите мажи да страдаат. Знаела дека е многу привлечна и дека нема да има проблеми било кој маж да го однесе во кревет. Сега не крие дека целта и е да зарази што повеќе мажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.