Најдобрите македонски одбојкари следниот викенд против Словенија ќе се борат за лидерската позиција во Групата Б во Европската лига. Минатиот викенд одбојкарите обезбедија место на завршниот турнир, по убедливите две победи на словенците против Турција со максимални 3:0 по сетови. Тие го презедоа врвот на табелат со 18 бодови, еден повеќе од македонските одбојкари.
Сега дуелите во Марибор следниот викенд ќе решат кој ќе оди во полуфиналето како прв а кој како втор на табелата. Силите со Словенија предходните месеци се измерени три пати. Еднаш во квалификациите за Светското првенство и два пати во разигрувањето за Европското првенство, а македонските одбојкари на сите три меча забележаа порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.