| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри во трактор- трактористот исчашил рамо

воз тракторМ.А. (53) од тетовско Теарце се здобил со исчашување на рамото откако патнички воз удрил во неговата приколка за тракторот што го управувал. Сообраќајната незгода се случила денеска, околу 13:30 часот, на железнички премин Теарце-Прељубиште, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според портпаролот, врз тракторскта приколка удрил патничкиот воз број 663 што сообраќал на релација Кичево – Тетово – Скопје и ја превртел, по што се превртел и тракторот. Со видлви оштетувања бил и предниот дел од возот.

– М.А. се здобил со телесни повреди, исчашување на рамото и веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница, каде е задржан за натамошно лекување. По овластување на јавниот обвинител увидот на местото од несреќата го врши екипа на СВР Тетово и до неговото завршување сообраќајот на овој дел од железничката пруга ќе биде во прекин, рече Јосифовски.

Според првичните информации причини за судирот е невнимателното преминување на железничкиот премин од страна на возачот на тракторот со приколката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top