| четврток, 6 декември 2018 |

Катастар формира регистарот на цени на недвижностите

Slavce trpevski kataster (Custom)Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, во своето гостување во вестите на Канал 5, разговараше за воведување на регистерот на цени на недвижностите.

Со измените кои владата ги усвои се формира регистер на цени на градежно земјиште, а секоја недвижнина ќе добие своја цена. Сите купопродажни договори ќе бидат доставени до Агенцијата за катастар на недвижности и цената која е наведена во истите ќе биде транспарентна и достапна преку интернет.

-Бенефит ќе имаат граѓаните, ќе има транспарентност и секој ќе може да провери цена на стан, како се движи таа. А исто и проценителите и банките. Ќе има и податоци за година на градба, година на реконструкција, од кој материјал е направен објектот. При запишување на нови недвижнини продавачите ќе дадат изјава пред нотарите со дополнителни информации кои се потребни за формирање на регистерот на цени, истакна Трпески.

Агенцијата за катастар на недвижности има поддршка од катастарите на Шведска и Холандија, а во 2010 година го направи електронскиот шалтер и го усовремени во 2 години. Поврзани се сите нотари и геодетски фирми исклучиво по електронски пат.

-Ќе ги поврземе сите институции кои креираат документи за катастарот како што се судовите, извршителите, јавните обвинители, адвокатите, Управата за имотно правни работи и Управата за матични книги, додаде Трпески.

Агенцијата во соработка со Министерството за транспорт и врски ги поевтини елаборатите за премер на дивоградби за социјално-ранливите категории, но сега тие се извршуваат бесплатно од страна на Агенцијата за катастар на недвижнини, а потоа решенијата за легализација се запишуваат и се издаваат имотни листови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top