Екипата која во последните четири години два пати ја освои НБА лигата, а во сите четири играше во финалето, полека почна да се распаѓа.
Откако Леброн Џејмс го напушти Мајами, на ист чекор се одлучи и Двејн Вејд.
Неодамна, Леброн Џејмс соопшти дека го напушта Мајами, откако ја искористи опцијата на слободен играч од договорот и ја раскина соработката. На идентичен начин, по истата клаузула се одличи и Вејд да го напушти клубот.
Бидејќи ја прекина соработката порано, Вејд се откажа од двегодишната плата во износ од 41,5 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


