| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва „Боеми“ на Скопско лето

makedonska opera i balet

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“ вечерва во Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во италијанска продукција. Режисер и сценограф на претставата е Италијанецот Лев Пулиезе, а диригент неговиот сонародник Џузепе Сабатини.

Улогите ги играат: Салваторе Кордела, Алеио Потестио, Итало Проферише, Мауро Корна, Анџела Низи, Пиетро Навиња, Џесика Роуз Камбио, Јане Дунимаглоски и Димитар Кожухаров.

Утревечер во Куршумли ан ќе биде изведена претставата „Чија си“ од Сашко Насев во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во продукција на Драмски театар-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top