| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен Андриќград во чест на нобеловецот Иво Андриќ

kusturica-dodik

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, српскиот премиер Александар Вучиќ и режисерот Емир Кoстурица денеска во босанскиот град Вишеград свечено го предадоа во употреба Културно-историскиот центар „Андриќград“.

Центарот е изграден по идеја на Костурица во чест на нобеловецот Иво Андриќ.

– Потребен ни е мир и ние го сакаме. Сакаме да бидеме дел од цивилизирана Европа, но несакаме Европа да ни ги наметнува босанската држава и јазик – изјави Додик во обраќањето на свечената церемонија.

Тој нагласи дека Босна и Херцеговина покажала оти „не е способна да опстои“, но, како што рече, „за тоа ќе зборува другпат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top