| четврток, 6 декември 2018 |

За Бошњаците Андриќ е Хитлер

andricБошњачки интелектуалци нобеловецот Иво Андриќ го споредија со Адолф Хитлер, а неговото дело го прогласија за геноцидно на промоцијата на книгата на Русмир Махмутчехаиќ „Андричевство: Против етиката на сеќавањето“ во мостарскиот Центар за култура.

Велејќи дека делото на Махмутчехаиќ е „прво целосно испитување на односите на националистичките, ориенталистичките и културно-расистичките односи на Иво Андриќ спрема Босна, босанството и бошњаштвото“, пратеникот на СДП во Собранието на Херцеговско-неретванскиот кантон Нерин Диздар изјави дека „Андриќ како декаденти секогаш ги прикажувал само Турците, муслиманите и исламот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top