| четврток, 6 декември 2018 |

„Травничка хроника“ следнава недела петпати на сцената на битолски театар

Од шест изведби на Народниот театар од Битола следната седмица, дури пет се „Травничка хроника“ по текст на Иво Андриќ и во режија на Бранко Брезовец.
Театарската седмица во Битола ќе почне в понеделник, со изведбата на „Хамлет машина“ според текст на Х. Милер и авторски текстови на актерите и на драматургот, а во режија на Андраш Урбан.
Потоа од вторник до сабота секоја вечер на репертоарот е „Травничка хроника“ од Иво Андриќ, во режија на Бранко Брезовец.
Сите претстави почнуваат во 19.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top