
Американската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“, објави на својата официјална страница текст за Гаврило Принцип по повод 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна, објавуваат босанските медиуми.
„Си-ен-ен“ им понуди на читетелите седум факти кои не ги знаеле за Принцип. Меѓу другото, се вели дека тој имал 19 години кога пукал на Франц Фердинанд и дека на крај неговиот план успеал. Во текстот се наведува дека Гаврило Принцип бил иста националност како и Адолф Хитлер, додавајќи дека пред Првата светска војна не постоеле нациите на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Австрија.
– Сите тие практично биле дел од една, австро-унгарска нација, која се состоела од повеќе етнички групи. Тогашниот општествен систем во австрп-унгарската монархија бил во таа мера хаотичен, што во одделни делови од земјата владеела левицата, а некаде десницата. Граѓаните немале посебни пасоши, но имале патни исправи. Гавроло Принцип имал ист вид патна исправа како и Хитлер кој е роден во северните краеви на монархијата – се наведува во „Си-ен-ен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


