Министерот за одбрана, Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани на Француската Република Жан-Марк Тодешини денеска ќе положат цвеќе на Француските гробишта во Битола.
По комеморативната церемонија, во Музејот на Општина Битола ќе биде отворена изложба на фотографии од Фондот на браќата Манаки за Првата светска војна во Македонија.
По отворањето на изложбата, поранешното одбранбено аташе на Република Македонија во Франција, полковник Енвер Јакупи ќе биде одликуван со медал за национална одбрана, златен ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.