| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола пронајдени 24 авионски бомби од Првата светска војна

При менување на водоводни цевки работници на ЈП Водовод пронашле 24 неексплодирани авионски бомби од Првата светски војна.

bomba-bitola

Според МВР вчера  во 10.30 часот во СВР-Битола, Ѓорги Стефанов пиротехничар во ДЗС-Битола, пријавил дека биле подигнати 24 неексплодирани авионски бомби со потекло од Прва светска војна во “Битолска суровина” лоцирано кај Железничката станица во Битола.

Бомбите биле пронајдени при менување на водоводни цевки од страна на работници во ЈП Водовод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top