Шведскиот принц Карл Филип се сврши со неговата девојка Софија Хелквист.
Тие се запознаа во 2009 година, а врската ја обелоденија во јануари следната година, кога изби голем скандал, а неговото кралско семејство и јавноста останаа шокирани.
Софија е поранешна старлета и ѕвезда од реално шоу. Таа беше дел од скандалознoто шоу „Парадајз хотел“, полно со секс и со алкохол, и постојано го полнеше жолтиот шведски печат. Во една од сцените во реално шоу, Софија се бакнува со порноактерката Џена Џејмисон. Таа неколку пати се фотографирала топлес за списанија за мажи.
Но, во четирите години во кои е со него, Софија се обидела да го исчисти своето минато и конечно да биде прифатена од кралското семејство.
Според протоколот, во согласност со шведскиот Устав, таткото на Филип, шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф ја дал својата согласност за нивниот брак, а потоа добиле одобрение и од шведската влада. Датумот на венчавката се уште не се знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)