| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Скопје детска забава со Маша, Медо и Влатко Илиевски

Издавачката куќа „Култура“ викендов во тенискиот клуб на хотелот „Александар Палас“ во Скопје организира дружење и фотографирање со палавата Маша и доброто мече Медо, ликови од руските краткометражни анимирани филмови „Маша и Медо“.

За време на настанот, ќе биде поставено и детско интерактивно катче, каде децата ќе можат да бојат, цртаат, учат да пишуваат, како и да се забавуваат на познати детски песнички.

Утре забавата ќе ја збогати и популарниот пејач и долгогодишен водител на детскиот фестивал „Златно славејче“, Влатко Илиевски.

Гледаноста на руските краткометражни анимирани филмови „Маша и Медо“ на You tube надминува дури половина милијарда гледања, а телевизиската популарност во многу земји ги урива рекордите во гледаност.

Издавачката куќа „Култура“ ги доби издавачките авторски права за „Маша и Медо“ во Македонија. Боенките и сликовниците со ликовите на Маша и Медо кои се создадени од тимот на Егмонт Русија, а издадени на македонски и албански јазик можат да се најдат во сите продажни места на издавачката куќа „Култура“. Истовремено, за време на викенд настаните, посетителите исто така ќе можат да ги купат овие едиции. Едицијата „Маша и Медо“ засега брои четири црно бели боенки, една боенка насловена „Залепи и обои“ и 10 интерактивни сликовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top